Владина делегација на средба со европски претставници во Брисел

20.04.2015 10:46

Се очекува да бидат интензивирани дипломатските контакти за надминување на политичката состојба во земјава...

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска на средба со европски претставници. Се очекува да бидат интензивирани дипломатските контакти за надминување на политичката состојба во земјава.

Инаку, Советот за општи работи при ЕУ изразува длабока загриженост за влошувањето на ситуацијата во државава и ги повикува лидерите на сите политички партии да пристапат кон решавање на истата.

Ова е наведено во финалната верзија на заклучоците што ќе бидат усвоени од Советот за општи работи утре во Луксембург.