Вељаноски на конференција во Рим
20.04.2015 10:49
Трајко Вељаноски, по покана на претседателот на Сенатот и претседателот на Домот на пратеници на Италијанската република, денеска и утре ќе учествува на конференција на претседатели на парламенти од Европската унија во Рим...

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, по покана на претседателот на Сенатот и претседателот на Домот на пратеници на Италијанската република, денеска и утре ќе учествува на конференција на претседатели на парламенти од Европската унија во Рим.
Во рамките на конференцијата, претседателот Вељаноски ќе се обрати на тема: „Европа по кризата: нови патишта на раст“.
На вториот ден од конференцијата, Вељаноски ќе учествува на сесијата за „Јакнење на политичкиот дијалог“.
