Групно венчавање во радовишка Ораовница
20.04.2015 10:55
Вчера беа венчани 22 брачни двојки од радовишко, повеќето над 50 годишна возраст...

Во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорги“ во Ораовица, вчера беа венчани 22 брачни двојки од радовишко, повеќето над 50 годишна возраст.
Чинот на групното венчавање го водеше Митрополитот брегалнички г. Иларион, кој претходно отслужи света архиерејска богослужба.
Во овој комплекс беше осветен и новиот манастирски конак, чиј ктитор е Николајчо Николов, а средствата за изградбата ги обезбедија Општина Радовиш и други донатори.
