Во МВР потпишан нов колективен договор
Надлежните велат дека со него ќе се подобрат условите за работа на полициските службеници. Изготвен е по европските стандарди...

Нов колективен договор потпишаа Министерството за внатрешни работи и полицискиот синдикат. Надлежните велат дека со него ќе се подобрат условите за работа на полициските службеници. Изготвен е по европските стандарди.
Најсуштинско во овој договор е тоа што првпат создаваме јасна класификација на работните места по нивоа. Со овој модел создаваме услови за поефикасно имплементирање на системот на кариера, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Решен е и статусот на вработените со вишо образование, разработени, прецизирани и унапредени се одредбите за мирно решавање на колективни и индивидуални спорови и арбитража. Воведени се поголеми права на синдикалниот претставник во постапката за утврдување материјална одговорност на работниците, а воведен е и додаток за работа во издвоени објекти, појасни Тихомир Климовски – претседател на полицискиот синдикат.
Новина е што вработените во МВР ќе бидат оценувани и од старешниата и уште од двајца колеги. Направени се корекциите за користење годишен одмор, прекувремена работа, заштита на работа по различен основ. Ќе следи и право на платено отсуство за постдипломски и специјализација .
