Нови мерки за подобрување на условите за војниците
Со новиот правилник за исхрана, припадниците на АРМ ќе се хранат поздраво...

Чорби, супи, салати и овошје отсега ќе бидат задолжителен дел од менито на воените лица, питомците и војниците во АРМ. Здрава и поквалитетна исхрана за поуспешно извршување на работните задачи на војниците на нашата Армија. Питомците се задоволни од јадењата што им ги приготвуваат нивните готвачи, а секако традиционален оброк е и познатото војничко гравче.
Од Министерството за одбрана порачуваат дека преземаат мерки за подобрување на стандардот на војниците посебно во исхраната што е битен дел од војничката рутина.
Од ресорот одбрана најавуваат и проект за реновирање на касарните со што ќе се обезбедат подобри услови за престој, а во тек е изградбата на зграда за домување во рамките на проектот арм мој вистински дом.
Игор Панов
