Воена делегација на Бугарија во посета на АРМ
21.04.2015 08:47
Делегацијата која е во тридневна официјална посета на АРМ ќе биде пречекана со високи воени почести од домаќинот, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески...
Армијата на Република Македонија од денеска ќе биде домаќин на висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Бугарија, предводена од Началникот на ГШ на ВС на Република Бугарија, вицеадмирал Румен Николов.
Делегацијата која е во тридневна официјална посета на АРМ ќе биде пречекана со високи воени почести од домаќинот, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.
Како што соопшти Министерството за одбрана, за време на престојот во ГШ на АРМ, адмиралот Николов ќе се сретне со министерот за одбрана Зоран Јолевски, а во текот на денот предвидено е да биде примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Главни теми на средбата ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на АРМ и искуствата од учеството во меѓународните мисии за поддршка на мирот.
Во текот на посетата делегацијата од Бугарија ќе посети дел од командите и единиците на АРМ, каде ќе се запознае со нивната мисијата, задачи и обука, а ќе има можност да посети и дел од културно-историските споменици во Република Македонија.
