Во Брисел- средба за инфраструктурно и енергетско поврзување
Проектите за инфраструктурно и енергетско поврзување, кои треба да се реализираат до 2030-та година, а се спонзорирани од Европската Унија, се главна тема на работната средба...

Во Брисел денеска е закажан состанок на шесте премиери од Западен Балкан, на кој учествува и македонскиот, Никола Груевски, со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан и еврокомесарката за транспорт Виолета Булц.
Проектите за инфраструктурно и енергетско поврзување, кои треба да се реализираат до 2030-та година, а се спонзорирани од Европската Унија, се главна тема на работната средба.
Брисел најави дека ќе издвои една милијарда евра за подобрување на инфраструктурата во овие држави.
Претходно, премиерот Груевски ќе има средба со претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол.
