Роуд шоу на слободниот пазар патува низ Европа
Станува збор за 40 градови, во секој од нив се промовира идејата за слободен пазар како главна економска активност...

Младите треба да ги знаат предностите на слободниот пазар и како создавањето на претприемачи може да и помогне на економијата. Младите не треба да чекаат работа, можат самите да креираат работни места. Претприемништвото е единствениот начин на којшто може да се развива една економија. Слободниот пазар треба да создава реални работни места.
„Ако имате работни места создадени само од државата, тоа само ќе ги чини пари граѓаните и тоа не се реални работни места затоа што не придонесуваат за БДП-то на земјата, туку се само пари што одат од левиот во десниот џеб“, изјави Доналд Кадик проект менаџер за Југоисточна Европа.
Од една страна треба да имате визија што сакате да постигнете, мора да имате идеја како да спроведете се во пракса, да имате план. Од државата ви е потребна соодветна рамка, владеење на правото, но не ви требаат државни средства за да го постигнете тоа вели Кордеиро .
„Мора да признаеме дека многу економии се во инфлација поради државни субвенции и дека мора да се вратиме на нормално ниво на раст, нормално ниво на економија, да го пукнеме меурот пред тој да пукне над пазарот. Една од моите пораки е и дека ни треба храброст, да ги охрабриме луѓето, а нив им е потребна надеж за да создаваат раст“, вели Хосе Кордеиро, директор на Милениумскиот проект на ОН во Венецуела.
Во светот што се менува брзо, претприемачите се тие кои ќе ги носат новите идеи што ќе ја подигаат економијата, вели Нина Ангеловска, коосновач на сајт за е-трговија.
„Постојано иновираме и правиме анализи. Неодамна направивме и мобилна апликација која собра многу корисници за кратко време. Ги следиме трендовите и конкретно во бизнис моделот постојано иновираме“, вели Ангеловска.
Идеата за слободен пазар ќе биде промовирана низ 40 градови во светот.
Дијана Ценевска
