Поголема безбедност за пензионерите во сообраќајот
Пензионерите се една од најранливите групи на учесници во сообраќајот и дека со над 50 проценти удел во бројот на загинати пешаци минатата година, лицата над 65 години мора да бидат подобро информирани за своето безбедно учество во сообраќајот...

Во рамките на кампањата за поголема безбедност на ранливите групи во сообраќајот, започна акцијата за подигнување на свеста на пензионерите за нивна поголема безбедност во сообраќајот.
Пензионерите се една од најранливите групи на учесници во сообраќајот и дека со над 50 проценти удел во бројот на загинати пешаци минатата година, лицата над 65 години мора да бидат подобро информирани за своето безбедно учество во сообраќајот.
РСБСП изготви летоци со кои им се даваат практични совети на пензионерите како да бидат посовесни пешаци, а со тоа да се заштитат себеси од сообраќајни несреќи. Летоците ќе им бидат делени на сите пензионери кои ги користат автобусите на ЈСП и во дневните центри за стари лица во Скопје, Кичево, Крива паланка и Велес, каде што ќе им бидат одржани и едукативни предавања за безбедно учество во сообраќајот.
Во останатите општини, ќе бидат организирани настани на кои помладите ќе им помагаат на постарите лица безбедно да пременуваат улица.
