Совет на ЕУ: Да преземат неодложни мерки за соодветно решение за политичката состојба

21.04.2015 14:15

Советот на ЕУ го поздравува олеснувањето на политичкиот дијалог од европарламентарците за да се изнајде решение што е можно поскоро...

Донесени се заклучоците на Министрите за надворешни работи на Европската унија за Македонија. Изразена е длабока загриженост за застојот на политичкиот дијалог во земјава, како и почитување на Копенхашките критериуми кои се суштина на проширувањето на унијата.

Се бара од сите страни да преземат неодложни мерки за да се најде соодветно решение за политичката состојба. Да се истражат сите наводни прислушувања од соодветните институции.

Советот на ЕУ го поздравува олеснувањето на политичкиот дијалог од европарламентарците за да се изнајде решение што е можно поскоро. 

Советот во наредните месеци ќе ја надгледува состојбата и за тоа ќе подготви соодветен извештај, се вели во заклучоците за политичката состојба на Советот на министри на Унијата.