Средба Николоски - Брасер: Бојкотот на Парламентот е недозволив
Во текот на редовната пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Шефот на Македонската делегација, Александар Николоски оствари средба со Претстедателката на Парламентарното собрание Ан Брасер. Оваа средба била на нејзино барање...

На заедничката средба, како што бевме информирани од Македонската парламентарна делегација, беше констатирана високата посветеност и активното учество на македонската собраниска делегација во ПС на Советот на Европа.
Веднаш по средбата, пратеникот Николоск, инаку шеф на македонската делегација при Парламентарното собрание ја даде следнава изјава:
„Претседателката Брасер се интересираше за актуелните политички случувања во Македонија, притоа целосно се интересираше за причините за бојкотот на опозицијата во македонското Собрание, како и за последните скандали со прислушувани разговори. Констатиравме дека бојкотот на парламентот е недозволив од било која политичка партија, дека местото на опозицијата е во парламентот, дека без разлика дали некој добива или губи на избори, треба да е во парламентот“, вели Николоски.
На средбата шефот на македонскаат делегација при ПССЕ, Александар Николоски и упати покана на г-ѓа Брасер да ја посети Република Македонија, нагласувајќи дека досега сите претходни претседатели на Парламентарното собрание во текот на нивниот мандат ја посетиле нашата држава. Таа изразила благодарност и со задоволство ја прифати поканата да ја посети нашата земја, штом нејзината агенда тоа го дозволи.
Тони Гламчевски, дописик од Франција за МРТ
