Унапредување на воената соработка меѓу Македонија и Бугарија

21.04.2015 14:36

Бугарија го поддржува членство на Македонија во НАТО, изјави вице- адмиралот Николов...

Унапредување на воената соработка, искуствата од учеството во мировните мисии и регионалната стабилност, во фокусот на разговорите меѓу Началниците на генералштабовите на Македонската и Бугарската армија. Бугарија го поддржува членство на Македонија во НАТО, изјави вице- адмиралот Николов.

Адмиралот Николов соработката помеѓу двете армии ја оцени како успешна, при што нагласи дека во наредниот период таа ќе се интензивира со учеството на кадети од Република Бугарија на „Летниот Кампус“ на Армискиот полигон „Криволак“, како и во делот на воено-техничката соработка. НГШ на ВС на Република Бугарија понуди и можност за заедничка обука на припадниците на АРМ на полигонот ,,Ново Село“ во  Република Бугарија, каде покрај припадниците на ВС на Република Бугарија, обука изведуваат и армиите на САД и Романија.

Изразувајќи благодарност кон гостинот за сестраната поддршка кон Република Македонија и АРМ, началникот на ГШ на АРМ, генералот Котески изрази очекување дека соработката помеѓу двете армии ќе се проширува, укажувајќи на можноста за обука на припадници на Бигарската армија во Центарот за обука на пилоти, Регионалниот Центар за односи со јавноста, како и организирање на заеднички вежби.