Не мируваат свлечиштата на магистралниот пат Ресен- Битола- Прилеп
Близу еден месец не мируваат двете свлечишта во близина на ромската населба на магистралниот пат Ресен-Битола- Прилеп. Со мали исклучоци патниот правец во континуитет е затворен за сообракај. По направениот увид експертите од Градежниот факултет порачаа да се изготви проект базиран на геодетски подлоги. Засега патот се одржува преку времени мерки од страна на Македонија пат...

Сеуште се активни двета свлечишта. Последното лизгање на земјиштето однесе и дел од боровите насади. Патарот Иванчо Канатларовски 16 години крстосува по делниците на битолскиот регион вели имало различни настани, но ваков сложен случај не памети.
„Сме наидувале на одрони на патиштата, но вакви опасни свлечишта не сме начекале досега.Постојано чистиме и внимаваме, но што фајде од тоа кога сеуште има по некој несовесен возач“, вели патарот Иванчо Канатларовски.
Кај несовесните возачи не помага ниту поставената сигнализација. Опасноста од нивното недолично однесување, пукнатините во земјиштето и надвиснатите огромни стени највеќе ги чувствуваат жителите на ромската населба која е само на неколку стотини метри.
„Како жители ваквите услови не вознемируваат. Ајде дење се гледа ама што правиме ноќе кога не се гледа, а згора на тоа и ќе профучи некој несовесен возач со огромна брзина. Опасно е“, вели жителот на ромската населба, Ибраим Асанов.
Состојбите налаагат постојано дежурство на екипите на Македонија пат.
И по близу еден месц не мируваат двете свлечишта. Од Македонија пат велат дека досега се отсранети 1.200 метри кубни земја и камен.
По направениот увид експертите од скопоскиот градежен факултет ги испратија препораките за трајно решавање на проблемот.
„Неодамна на лице место бевме со деканот и неколку други експерти од Градежниот факултет, деновиве ги испатија препораките во кои посочуваат изготвување на проект кој ќе биде базиран од направените истражни геодетски подлоги“, вели раководителот на битолската подружница на Македонија пат, Веселинчо Спасевски.
Дотогаш безбедноста ќе се обезбедува преку континуираите времени мерки и поставување на доплнителна сигнализација, по ставањето во сообраќајна функција на овој дел од делницата.
Според информациите од Државниот инспекторат сигурнио е дека и во следните неколку денови возилата ќе се пренасочуваат прку клучките за влез во Битола.
Стевче Митревски
