Хан: Правна и политичка разрешница на случувањата во Македонија
Во Брисел - состанок на премиерите од Западен Балкан со еврокомесарите за проширување и за транспорт. Разговараат за инфраструктурно и за енергетското поврзување - финансирано од Унијата. Брисел за оваа намена издвои една милијарда евра. На маргините средба на премиерот Груевски со еврокомесарот Хан...

Судска разрешница за незаконското прислушување на мрежата на Верушевски и опозицијата да се врати во Собранието, се денешните пораки на еврокомесарот Јоханес Хан.
„Потребна е целосна истрага и ја повикувам опозицијата да се врати во Парламентот и таму преку Комисија да се решава од политички аспект, но тоа не значи да се запостави кривичниот дел“, изјави еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.
Инаку пред поцетокот на заедничката средба на еврокомесарот Хан со 6- те премиери од Балканот, председателот на Владата, Никола Груевски оствари средба и со председателот на најмоќаната политичка опција во ЕП, Жозеф Дол, кој изрази поддршка за евроинтегративните процеси на нашата држава.
„Секако, разговаравме и за актуелните случувања во Република Македонија, за што детално го информирав, а тој покажа голем интерес. Се разбира, негова и цел на сите пријатели на Македонија е актуелните случувања во земјата што побрзо да се разрешат и земјата непречено да ги продолжи своите напори за почеток на преговорите за членство во ЕУ и напредок на тој план“, истакна премиерот Груевски по средбата.
Премиерот Груевски денска учествуваше на заедничката средба на комеарот Хан со 6-те премиери од Балканот, чија цел е интегрирање на копнениот, речниот и воздушниот сообраќај во заедничката европска мрежа, како и инвестициска соработка и поддршка на Унијата за инфраструктурните, конкретни проекти важни за регионот.
„Целата е со ова мрежа да бидат поврзани главните градови, економскиите зони и аеродроме во регионот“, истакна еврокомесарот Хан.
„Кај нас во Македонија се утврдија коридорите 10, во делот на патната и железничката инфраструктура и 8 во делот на патната, и железничката кон Бугарија, кон Албанија ќе треба да има уше едно ревидирање на проектот, и дали ќе има исплатливост во тој дел, а тоа треба да го направи Европската комисија“, рече премиерот Груевски.
Овој проект ке биде финасира од страна на Европскат Унија и ќе тежи една милијарда евра.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
