Академик Камбовски избран за странски член на Бугарската академија на науките
Во образложението на Бугарската академија на науките, меѓу другото стои дека академик Камбовски има објавено околу 340 публикации и научни трудови и дека е неприкосновен авторитет во својата земја од областа на кривичното право и филозофијата на правото...

Во образложението на Бугарската академија на науките, меѓу другото стои дека академик Камбовски има објавено околу 340 публикации и научни трудови и дека е неприкосновен авторитет во својата земја од областа на кривичното право и филозофијата на правото. Исто така се наведени и неговите научни интереси, меѓу кои се: организираниот криминал; потребата од приближувањето на македонското право со правото на Европската унија; судските реформи како приоритет за Република Македонија во процесот на пристапување кон Европската унија; кривично-правната репресија и новите форми на криминални активности; јазикот на омразата, на недискриминација и толеранцијата.
Во образложението за изборот на академик Камбовски за странски член на БАН, исто така, стои дека тој придонел и за развивањето на заедничка соработка меѓу МАНУ и БАН, врз основа на која веќе втора година се работат 33 заеднички проекти од областа на медицинските, хуманистичките, општествените, природно-математичките и техничките науки.
