Две пресуди за „Јустиција“

22.04.2015 12:01

Во „Јустиција“, осомничени беа 25- мина, 14 судии и 11 стручни соработници. Таеле предмети за да застарат...

По една година условна казна затвор, која нема да се изврши доколку во наредните 3 години не сторат друго кривично дело. Ова е пресудата за двајца судии во случајот „Јустиција“ изречена за „несовесно работење“ во скопскиот Прекршочен суд.

Во „Јустиција“, осомничени беа 25- мина, 14 судии и 11 стручни соработници. Таеле предмети за да застарат. Незаконски постапувале со над осум илјади предмети во прекршочна постапка со што ја оштетиле буџетската каса за 68 милиони денари.

Денешните пресуди се први. Од скопскиот Кривичен суд информираат дека на двајцата судии им ги укинале мерките на претпазливост.