Државниот врв го осуди инцидентот кај Гошинце, бара да не се злоупотребува
Државниот врв го осуди инцидентот кај Гошинце, на северната граница на државава. Бара да не се злоупотребува за какви било цели. Повика на одговорно однесување на сите фактори. Советот за безбендост заседаваше доцна синоќа по вооружениот напад на караулата Гошинце...

Шефот на државата Иванов, од надлежните институции од одбраната,безбедноста и разузнавањето бил информиран за инцидентот во липковскиот регион. На синоќешниот состанок во вилата Водно,што траел до доцна во ноќта,државниот врв со осуда за нападот.
„На состанокот беа разменети првичните информации за нападот на караулата Гошинце, при што државниот врв го осуди инцидентот на северната граница на Република Македонија“, стои во дописот до медиумите од кабинетот на претседателот.
На средбата било констатирано дека по инцидентот, надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки и активности за расветлување на случајот, за пронаоѓање на сторителите и за нивно санкционирање.
На состанокот присуствуваа спикерот Вељаноски, премиерот Груевски, министрите за одбрана и за внатрешни работи, Јолевски и Јанкулоска и првите луѓе на Управата за безбедност и контраразузнавање, на Агенцијата за разузнавање и раководителот на службата за воена безбедност.
Државниот врв повика на одговорно однесување на сите општествени чинители, но и настанот да не се злоупотребува во какви било цели.
Состанокот на Советот за безбедност беше свикан од шефот на државата по инцидентот во кумановско Гошинце,кој од Министерството за внатрешни работи беше оценет како терористички напад. 40-ина вооружени униформирани лица од Косово со ознаки на УЧК влегле во караулата и извесно време ги држеле како заложници 4-цата полициски службеници. Според првичните сознанија, терористичката група е од Гњилане. Во липковско, односно кон реонот, селото и караулата Гошинце е мирно. По инцидентот во регионот е зајакнато полициското присуство.
Милчо Велески
