Македонија со напредок во областа на информатиката
22.04.2015 13:11
Во последното издание на Глобалниот извештај за информатичката технологија што го издава Светскиот економски форум, Македонија е рангирана на 47 место од 143 земји...

Македонија е во ТОП 10 –те земји кои најмногу напредувале во областа на информатиката изминативе три години.
Во последното издание на Глобалниот извештај за информатичката технологија што го издава Светскиот економски форум, Македонија е рангирана на 47 место од 143 земји. Бележи напредок од 10 позиции за разлика од лани.
Споредено со земјите од регионот, само Словенија е подобро рангирана, додека останатите држави се зад Македонија.
