Грозоморен чин: Новинарот Борјан Јовановски доби погребен венец

22.04.2015 13:14

Нагласувајќи дека е поздрав од Тодор Александров, курирот и го предал венецот на неговата сопруга која настанот го пријавила во полиција. Точно напладне, Новинарскиот пленум го изрази својот револт...

Смртни закани за новинарот Бојран Јовановски. Во семејната куќа вчера бил доставен погребен венец со натпис „Последен поздрав“. Нагласувајќи дека е поздрав од Тодор Александров, курирот и го предал венецот на неговата сопруга која настанот го пријавила во полиција. Точно напладне, Новинарскиот пленум го изрази својот револт.

Ваквиот чин го осудија Македонската асоцијација на новинари (МАН) и Здружението на новинари (ЗНМ). Од МАН велат- разликите може и треба да бидат предмет на дебата, разменување на мислења и идеи, но не треба резултатот да биде навреда и закана по животот.

Здружението на новинарите на Македонија, најостро ја осудува ваквата морбидна закана и бара МВР и јавното обвинителство да ги најдат и казнат нарачлателите и доставувачите.

Осуда и од партиите. За ВМРО- ДПМНЕ настанот е целосно неприфатлив и штетен, како лично за новинарот Борјан Јовановски и неговото семејство, така и за целокупната атмосфера во државата.

Згрозени од ваквата закана врз новинарот, реагираа и невладини организации.