Во Македонија нема доволно истражувања за превенција на корупцијата

22.04.2015 15:18

Во Македонија сеуште нема доволно истражувања во делот на превенција на корупција во судството. Треба да се преземат стратегиски комуникациски мерки за подобрување на перцепцијата на јавноста за судиите и обвинителите ...

Не ги користи социјалните мрежи. Со ова директорката на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, Арнаудовска сака преку личен пример да им укаже на претставниците од третата власт дека и профил на Фејсбук може да ги искомпромитира. Со коментар за политички случувања би се ставиле на една или друга страна што се коси со етичките начела на оваа јавна фунцкија.

„За мене е спротивно на етичкиот кодекс вие да ставате лајкови на позиција или опозиција, како судија и обвинител. Секако, тоа ја руши перцепцијата за независноста на судијата“, вели Анета Арнаудовска, директор на Академијата за обука на судии и јавни обвинители.

Од друга страна, во етичкиот кодекс на судиите, ниту македонскиот ниту на некој од европските земји не е регулирано прашањето за користење на овие мрежи зашто тоа се однесува и на слободата на изразување. Но, затоа овој документ е една од препораките на ГРЕКО во однос на спречување на корупцијата во судството.

Дел од нив се однесуваа на уставните промени за учество на министерот во Судскиот Совет, правото на жалба на судиите и обвинителите по одлуките на советите. Првиот човек на ГРЕКО, Мрчела побара спроведување на истражување за вистинските состојби со корупцијата, наспроти впечатокот што се има во јавноста.

„ Затоа ни е важно нашите извештаи да бидат добро прочитани, добро проучени и спроведени до крај. Тие се однесуваат на вистинските состојби, а не само на впечатокот, па кога ќе се подобри реалноста, ќе се подобри и впечатокот“, вели Марин Мрчела, претседател на ГРЕКО.

Колку сме успеале во напорите за остварување на препораките, оценката ќе ја добиеме во декември. На новинарско прашање за случајот на прислушувањето  поврзано со судските функции арнаудовска одговори со барање да не се отфрлаат преку ноќ повеќегодишните напори за вложување во независно судство.

 

Фиљана Кока