Одбележан Денот на планетата земја- еколозите повикуваат на поголема свест

22.04.2015 15:22

Планетата е една и единствена им припаѓа на сите. На светскиот ден, прстот е вперен кон човекот. Тој е најголемиот виновник за еколошките катастрофи. Еколозите повикуваат на поглема свест за заштита на единствениот дом...

Глобалното затоплување, зголемувањето на обемот на озонската дупка, промената на климата, природните катастрофи се случуваат пред нашите очи. Загадувањето на воздухот и на животната средина се најголемата причина  за низа болести  и изумирање на растенијата и на животните. Прстот е вперен кон човекот. Тој е  најголемиот виновник за овие катастрофи .  

Еколозите порачуваат да се разбуди свеста кај луѓето, да не ја злоупотребуваат природата.

Денот на планетата земја во целиот свет се одбележува со акции за чистење на околината, со гаснење на светилките, во знак на заштеда на електричната енергија.

Над 190 земји низ светот денеска го одбележуваат денот на планетата земја. Треба да се зголеми свеста кај луѓето, да не се фрлаат отпадоци насекаде, бидејќи немаме резервна планета.

Не само денеска туку и утре, задутре, секој ден, луѓето се должни секогаш да водат грижа за животната средина и воздухот.

 

Александра Перевска