Карванот за „Купи куќа, купи стан“ утре во Битола

22.04.2015 15:40

Настанот ќе се одржи во Центарот за култура каде што сите заинтересирани граѓани ќе можат да се информираат како да аплицираат за субвенциите, како и за локалната понуда на станови и куќи...

Во рамки на Карванот „Купи куќа, купи стан“, Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании утре ќе одржат презентација на проектот во Битола. 
 
Настанот ќе се одржи во Центарот за култура каде што сите заинтересирани граѓани ќе можат да се информираат како да аплицираат за субвенциите, како и за локалната понуда на станови и куќи. 
 
Карванот „Купи куќа, купи стан“ секоја недела продолжува во друг град. Ќе ги посети Прилеп, Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.