ЕК го обвини Газпром за злоупотреба на пазарната позиција
Европската комисија отвори истражна постапка против рускиот гигант Газпром, обвинувајќи за монопол на пазарот во Средна и Источна Европа...

Европската Комисија денеска и официјално покрена обвинение за крсење на европските антимонополски правила, против една од најголемите Руски компаниии, Газпром, кој е доминантен снабдувач на гас во Центарлна и Источна Европа. Според еврокомесарот за конкуренција, Маргарет Вестагер, Газпром ја злоупотребува својата доминантна позиција.
„Во суштината на обвинението е дека Гасром има стратегија да учествува во единствениот ЕУ пазар преку обезбедување на територијална рестрикција во своите договори, кои опфаќаат 8 држави. Еден од начините е што во договорите, државите се обврзани да не го извезуваат гасот на други држави. Тоа што го гледаме во нашите податоци е дек Газпром наплаќа високи и нефер цени во 5 различни држави“, изјави еврокомесарот за конкуренција, Маргарет Вестегер.
При тоа Вестагер инсистираше на истрагата против ова компанија да не и се дава политичка конотација, имено дека истата не е мотивирана поради заладените односи и санкции кон Русија, особено по формирањето на политичката коалиција на јужноевропските джзави за поддршка на изградбата на Туркиот тек, кој првенствено требаше да се одвива под Црното море.
Бугарија се откажа под влијание од Европскста Комисија, но ЕУ неможе да влијае на Грција. По посетата на премиерот на Грција, Алексис Ципрас, стана јасно дека оваа земја има цврст став во однос на новиот проект- Турки тек. Според германските медиуми, било договорено Москва на Атина да и даде аванс од 3 до 5 милијарди евра за изградба на гасоводот, кои пак на Грција и се неопходни за надминување на долгот кон ЕУ.
Инаку, пред само две недели рускиот гигант Газпром се закани дека ќе ја прекине испораката на овој ресурс кон Европа, доколку постојат обиди за минирање на проектот Турски тек. Според експертите, руските власти и раководството на Газпром се обидуваа да не ги нарушат договорените обврски пред европските клиенти. По денешното обвинение, имаат 12 недели да подготват контааргументи.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
