Заев објави нов сет аудио материјали
Како што тврди Заев, на телефонските разговори се слушаат премиерот, министри и владини претставници како вршат контрола врз медиуми и новинари...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по 24 пат објави сет аудио материјали од прислушувани разговори кои тој ги поседува. Како што тврди Заев, на телефонските разговори се слушаат премиерот, министри и владини претставници како вршат контрола врз медиуми и новинари.
„Од страв дека се фатени во злоделата што ги нанесувале, оваа тесна група на власт се однесува бесно, и бидејќи не знаат на друг начин да ги решаваат проблемите, повторно се користат со единствените методи што ги знаат“, рече Заев на денешната прес конференција.
На крајот од прес конференцијата Заев повтори дека во следниот период ќе објавува аудио материјали кои ги поседува, поврзани со медиумите, но и како што тврди тој, криминали на власта.
Катерина Топалова
