Повторно во прекин патниот правец Прилеп-Ресен

23.04.2015 08:59

Возилата се пренасочуваат низ градот Битола...

Поради појава на свлечиште на патниот правец Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.

Инаку, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец село Дурачка река – село Дренак во должина од 7 километри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.