Еко-патека на „Вардарски рид“ кај Гевгелија

23.04.2015 11:43

Проектите за меѓугранична соработка- бенефит за луѓето од двете страни на границата. Во Гевгелија на локалитетот „Вардарски рид“ изградена еко- патека која ќе ја користиме ние и Бугарите...

615 метри долга уредена со бекатон плочки, летниковци, канделабри и кула. Вака изгледа новата еко- патека на „Вардарски рид“, археолошки и историски значен локалитет која е изградена со проектот меѓугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Во рамки на проектот „промовирање одржлив туризам и заштита на животната средина преку партнерство“ и во Разлог е направена еко- патека „Чекорите“. За градоначалникот на Разлог, ова е можност за поголема посета на жителите од двете држави и двата града.

Преку ИПА програмата за овој проект се обезбедени скоро 174 илјади евра.

 

Катерина Давчева