Гостиварец затаил данок од 280 илјади евра

23.04.2015 11:46

Како управител и потписник на банкарската сметка на фирмата „Канма-трејд“ од Гостивар не го пријавил данокот...

Гостиварец со малверзации при продажба на недвижен имот, поранешна сопственост на фирмата „Жито-Шар“ го оштетил државниот буџет за 280 илјади евра.

Како управител  и потписник на банкарската сметка на фирмата „Канма-трејд“ од Гостивар не го пријавил данокот. На крајот од 2014-та и во почетокот на годинава, на нотар склучил три договори за купопродажба на деловен простор со две фирми од Гостивар и со едно физичко лице во кои како продавач се јавува фирмата „Канма трејд“.

Веднаш по трансферот на парите од купувачите, првоосомничениот наместо да плати ДДВ, ги подигнал во кеш, а дел пренасочил на други сметки и ги користел за лични потреби.