Втора координативна средба во УКИМ меѓу Владата и пленумите

23.04.2015 12:11

Средбата се реализира на покана на Ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, откако двете засегнати страни одлучија преговорите да отпочнат откако ќе бидат формирани работните групи...

Во ректоратот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ќе се одржи втората координативна средба меѓу претставници на Владата, ректоратот и двата пленума, студентскиот и професорскиот.

Средбата се реализира на покана на Ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, откако двете засегнати страни одлучија преговорите да отпочнат откако ќе бидат формирани работните групи.

Студентите и професорите бараат ново законско решение за високото образование, а  при неговото креирање да се обезбеди нивна директна вклученост.