Богов: Ревизија на стапката на раст на почетокот од мај

23.04.2015 13:30

Проекциите зависат од надворешните показатели, а анализите говорат за стабилност на европската економија...

На почетокот на мај ќе се ревидира стапката на раст на македонската економија, потврдува гувернерот Димитар Богов. Проекциите зависат од надворешните показатели, а анализите говорат за стабилност на европската економија.

„Некаде околу 7-ми и 8-ми мај ќе ги објавиме проекциите и ќе видиме дали ќе останеме на истото или ќе одиме нешто нагоре или надолу. Меѓутоа, условите кои се како инпути во нашите проекции не се многу променети од октомвриската проекција, дури имаме и некое подобрување, бидејќи сега има подобри очекувања за растот на европската економија- а тоа е многу значаен инпут, екстерна побарувачка за нашите производи“, рече гурвернерот на НБРМ, Димитар Богов, на четвртата меѓународна истражувачка конференција на тема: „Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика“.  

Конференцијата е организирана по повод одбележувањето на годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија.