На кејот на Вардар се одржа вежба за справување со поплави
Оваа вежба е во рамките на Програмата на Европската комисија за цивилна заштита и хуманитарна помош, а во организација на Градот Скопје, кој е партнер на европскиот проект за зајакнување на локалните капацитети за справување со поплави „АХЕЛУС“...

Природните непогоди не можат да се спречат, но може многу да се помогне со навремени подготовки за заштита и спасување на настраданите. Во Општина Аеродром беше реализирана вежба, во која учествуваа сите градски јавни претпријатија, и Црвениот Крст, Итната помош, како и хеликоптерската единица на МВР.
Оваа вежба е во рамките на Програмата на Европската комисија за цивилна заштита и хуманитарна помош, а во организација на Градот Скопје, кој е партнер на европскиот проект за зајакнување на локалните капацитети за справување со поплави „АХЕЛУС“.
Во проектот „АХЕЛУС“, кој се реализира од јануари 2014 година до декември 2015 година, покрај Градот Скопје учествуваат пет општини, два универзитети и една невладина организација од земји членки на Европската Унија. Основна цел на проектот е зајакнување на локалните капацитети за справување со поплави, проверка и подготовка на професионалните служби и граѓаните за дејствување во вонредни околности, размена на искуства со партнерите во проектот и градење на добри практики во можни случаи на идни поплави предизвикани од излевање на реката Вардар.
