Николоски на македонски јазик го започна преседавањето на пролетната сесија на ПССЕ

23.04.2015 14:03

Иако, официјални јазици за претседавање со Паламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур се англискиот и францускиот, пратеникот Александар Николоски ја искористи можноста на почетокот на пролетната сесија со која претседаваше да ги поздрави европарламентарците од 47 земји и на својот мајчин јазик ...

„Имам чест на мојот македонски јазик да ви посакам успешна работа“ - на овој начин Александар Николоски го започна преседавањето на пролетната сесија на ПС на Совет на Европа, најстарото и најголемо парламентарно собрание во Европа со 318 пратеници од 47 земји. Иако официјални јазици за преседавање се англиски и француски, Николоски ја искористи можноста на македонски да ги поздрави пратениците.

Во јануари 2015 година Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија, Александар Николоски беше избран за еден од потпретседателите на Парламентарното собрание за 2015 и 2016 година. Во текот на пролетната сесија на Парламентарното собрание, како што беше и предвидено, Шефот на Македонската делегација во функција на потпретседател претседаваше со сесијата на тема Социјалните усуги во Европа.

На почетокот Николоски, ја искористи можноста најпрво на македонски јазик да ја изрази големата чест и задоволство да претседава со најстарото парламентарно собрание креирано на европската почва, чијашто активност е фокусирана на прашања од тековна политичка важност, вклучувајќи ги и проблемите на модерното општество и аспекти на меѓународната политика. Местото потпретседател на Парламентарното собрание е извонредна можност за зголемена видливост во европски рамки и поголемо политичко влијание во решавањето на релевантни политички прашања.

Николоски е исто така член и на Бирото кое го сочинуваат  Претседателот, потпретседателите и шефовите на политичките групи во Парламентарното собрание. Бирото на Собранието го подготвува дневниот ред на сесииите на  Собранието, ги разгледува документите на комисиите, ги организира секојдневните активности, соработува со други меѓународни тела, дава  согласност за одржување на седниците на комисиите и слично.