Владејачката партија на трибина во Гостивар

23.04.2015 15:16

ВМРО-ДПМНЕ и институциите на државата имаат сила да се справат со сите предизвици, изјави пред присутните на трибината на владејачката партија во Гостивар, Зоран Ставрески, вицепремиер и член на извршниот комитет. Безбедноста на граѓаните е гарантирана, а владата ќе продолжи со реализација на проектите од нејзината програма...

Државните институции имаат сила  да се справат со сите предизвици, изјави пред присутните  на трибината на владејачката партија во Гостивар, членот на извршниот комитет и вицепремиер Зоран Ставрески. Безбедноста на граѓаните е гарантирана, а владата ќе продолжи со реализација на проектите од нејзината програма.

„Кога и да е СДСМ во опозиција, секогаш прават проблеми и креираат ситуации се со цел на недемократски начин без поддршка на народот да се прибават до власт и да ја пренесат својата сопствена неспособност и проблемите кои ги имаат во својата партија врз државатаНие сме тука за да им кажеме на граѓаните дека треба да бидат мудри, сплотени. Со мудроста и со разумот што го имаат граѓаните да ги погледнат состојбите, да ја оценат ситуацијата и да знаат дека народот е сплотен и сè додека народот стои зад нас, Македонија ќе остане стабилна и безбедна држава“, нагласи Ставрески.

Како што рече министерот за труд и социјала Диме Спасов, мрачните сценарија нема да не спречат во остварување на ветувањата. Тој говореше и за позитивните ефекти  од спроведените владини мерки со кои се опфатени сите граѓани.

Спасов посочи и на новите мерки на владата. Една од нив е зголемувањето на социјалната помош. Наместо ветените пет проценти, во јули таа ќе се зголеми двојно.

 

Наташа Гркова- Петрушевска