ФЗОМ ја усогласи постапката за остварување на правата од здравствено осигурување на хонорарците

23.04.2015 15:46

Хонорарците имаат обврска исплатените приходи да ги пријават во Фондот за пензиско и да ги платат придонесите за социјално осигурување...

Фондот за здравствено осигурување во соработка со другите државни институции ја усогласи постапката за остварување на правата од здравствено осигурување на хонорарците. Со новото решение, со плаќање на придонесот осигуреникот ќе добие здравствено осигурување, но не подолго од 60 дена, одредба која важи за сите осигуреници и по други основи.

Хонорарците имаат обврска исплатените приходи да ги пријават во Фондот за пензиско и да ги платат придонесите за социјално осигурување.

Хонорари треба да пријават вработените и пензионерите, доколку се поголеми од просечната плата лани, односно 21.588 денари, како и невработените лица со приливи поголеми од минималната нето плата од 9.590 денари.

Придонесот за здравство ќе се плаќа само на разликата над овие износи.