Триесет компании заинтересирани за закуп на земјиште во Џумајлија
Од нив 14 се странски и тоа пет од Италија, пет од Турција, по една од Германија, Шпанија, Косово и Бугарија. На повикот се јавија 15 домашни компании и една компанија со машовит капитал. Компаниите главно се заинтересирани за една или за две географски целини...

До 22 април, крајниот рок на јавниот повикот за изразување интерес за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост на комбинатот Џумајлија, вкупно 30 компанија доставувиле писмо за интерес, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Од нив 14 се странски и тоа пет од Италија, пет од Турција, по една од Германија, Шпанија, Косово и Бугарија. На повикот се јавија 15 домашни компании и една компанија со машовит капитал. Компаниите главно се заинтересирани за една или за две географски целини.
Земјоделското земјиште на Џумајлија е со вкупна површина од 4.435 хектари кои се наоѓаат во 14 катастарски општини и се групирани во четири географски целини со големина од 1.000 до 1.200 хектари.
Компаниите имаа обврска да достават бизнис план со износ на вкупните инвестиции, опис на применетите технологии, спецификација на механизацијата, и планираниот број на вработени по години.
