„Мој специјалист“ во Радовиш и Делчево
23.04.2015 16:21
Податоците од системот „Мој термин“ покажале дека најголемиот број упатувања во овие градови, биле од овие области...

Секоја сабота во здравствените домови во Радовиш и во Делчево, амбулантски прегледи ќе вршат специјалисти. Во Делчево ќе има специјалист по ортопедија и урологија, а во радовиш невролог и интернист.
Податоците од системот „Мој термин“ покажале дека најголемиот број упатувања во овие градови, биле од овие области.
Преку проектот „Мој специјалист“ се прегледани 400 граѓани, а се спроведува во Берово, Валандово, Крива Паланка, Виница, Неготино и Свети Николе.
