Актуелните случувања на подолг рок се ризик фактор за економијата!
Актуелните случувања на политичката сцена се ризик фактор за домашната економија – оценува гувернерот на Народната банка, Димитар Богов. Ако ваквата состојба продолжи можни се негативни ефекти врз стапанството. Наскоро централната банка ќе ги објави и новите проекции за растот...

Во почетокот на идниот месец Народната банка ќе ги објави проекциите за економскиот раст за годинава. Според проценките нема поголеми поместувања во однос на прогнозите од октомври кога беше утврдена стапка на раст од 4,1 проценти повисока од остварената од 3,8 во претходната година. Според гувернерот, условите кои се инпути не се променети, подобри очекувања има за растот на европската економија, а тоа е позитивно и за нашата.
„Кај екстерните фактори имаме подобрување- изгледите за раст на европската економија која е наш најголем трговски партнер, а секако дека ќе ги земеме во предвид овие најнови случувања во политиката на домашен терен, коишто секако се фактор на ризик кој би имал негативни ефекти доколку целата оваа ситуација продолжи подолг период“, изјави гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.
Според гувернерот Богов, ,онетарната политика е флексибилна. Во последниве три години, е реалаксирана има стабилен девизен пазар, низок дефицит во платниот биланс, ниска инфлација и ниски каматни стапки. Домашната побарувача е здрава и расте. Годинава се очекува и позитивна стапка на инфлација под еден.
„Сметаме дека дефлацијата е привремен феномен кој во текот на годината ќе исчезне и ќе имаме позитивна сапка на инфлација, која оваа година најверојатно ќе биде под 1 процент, меѓутоа наредната година веќе може да очекуваме инфлација помеѓу 1 и 2 проценти, така што без наша позначителна интервенција, инфлацијата ќе се доведе во нормални рамки“, нагласи гувернерот Богов.
На тема структурните ригидности на монетарната политика, на четвртата конференција беше истакнато дека финансискиот пазар, платите, влијанието на странските директни инвестиции- се главните фактори за спроведувањето на монетарната политика.
Дијана Ценевска
