На пругата Велес- Скопје, воз прегази 14 емигранти
Според првичните сознанија, на пругата кога налетал возот имало 50-тина емигранти...

Синоќа, околу 22.30 часот, меѓународен воз кој се движел на пругата Велес – Скопје, кај станицата Пчиња, удрил во поголема група емигранти. Според првичните информации, во несреќата загинале најмалку 14 емигранти.
Поради непристапноста на теренот, медицинските екипи биле приморани на местото на настанот да дојдат со воз.
Според првичните сознанија, на пругата кога налетал возот имало 50-тина емигранти.
Полицијата информира дека повеќе детали за овој трагичен настан ќе соопшти во текот на денот.
Емигрантите сѐ почесто ги користат пругите како ориентир за движење при нивниот обид да ја поминат земјава, на патот кон европските земји, откако преку илегални премини ќе влезат од Грција.
