Уапсен водач на криминална група која го оштетила буџетот на РМ за 327 илјади евра
Уапсениот со инцицијали М.Р. во периодот 2012- 2013 година организирал мрежа од повеќе фирми во криминален потфат за незаконски поврат на ДДВ од буџетската каса...

Полицијата го уапси мозокот и организатор на криминалната група која се богатела со државни пари. Го оштетила буџетот за 372 илјади евра.
Уапсениот со инцицијали М.Р. во периодот 2012- 2013 година организирал мрежа од повеќе фирми во криминален потфат за незаконски поврат на ДДВ од буџетската каса.
Во бизнисот биле вклучени фирма на братот на првопријавениот и уште два правни субјекти, преку кои сега веќе уапсениот ги вршел незаконските работи и доставувал фалсификувани ДДВ пријави со наводно побарување за поврат на ДДВ.
Откако парите биле префрлувани на банкарските сметки за да го скрие трагот, давал насоки дел од средствата управителите на фирмите да ги извадат во кеш и лично да му ги дадат, а за добро завршена работа им исплакал помала сума.
Судијата во Кривичниот суд му одреди мерка притвор од 30 дена, останатите три лица се недостапни за органите на прогонот.
