Во февруари 72,5% од потрошената струја од домашни извори

24.04.2015 13:46

Во февруари годинава се потрошени 745.974 мегават часови електрична енергија...

Во Македонија во февруари годинава се потрошени 745.974 мегават часови електрична енергија, 13.674 милиони нормални метри кубни природен гас, 497.997 тони јаглен и 68.952 тони нафтени продукти.
 
Според податоците на Државниот завод за статистика, 72,5 проценти од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 97,1 процент од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на струја.