Потенцијал за развој на вински туризам
Винскиот туризам е нов предизвик и шанса за сите земји од регионот. Македонија бележи годишен раст на инвестициите во туризмот од 10%, со што се рангира како 7-ма на светската листа...

Во последниве 8 години бројот на странски туристи во земјава е зголемен за 98%, а девизниот прилив расте од година в година и лани надмина 136 милиони долари. „Учеството на туризмот во македонското БДП во 2013 и 2014 година е 2,3 проценти, а се планира до 2020 година да достигне до 5 проценти“, рече министерот за економија, Беким Незири на отворањето на Првата регионална конференција за вински туризам - Македонија 2015, организирана од Министерството за економија и Фондацијата Тиквешки вински пат.
Винскиот туризам е нов предизвик и шанса за сите земји од регионот. Македонија бележи годишен раст на инвестициите во туризмот од 10%, со што се рангира како 7-ма на светската листа. Токму, на компаративните предности на земјава во делот на винскиот туризам, покрај на културниот, езерскиот, зимскиот и еко-туризмот, ќе се темели идниот развој на оваа значајна стопанска гранка во Македонија.
Целта на конференцијата е да отвори дискусија за градење ново партнерство меѓу туристичкиот и винарскиот сектор, преку заедничка соработка, која ќе придонесе кон создавање конкурентни туристички производи.
