Собранието ја враќа праксата- Отворен ден за граѓаните
Собранието повторно ја враќа праксата-отворен ден за граѓаните. Почнувајќи од денеска, заинтересираните секој последен петок од месецот ќе можат да се запознаат со работата на Законодавниот дом...

По четири години, Собранието повторно ги отвори вратите за граѓаните кои сакаат да се запознаат со работата и работното место на народните избраници. Првата група на заинтересирани денеска влезе во Законодавниот дом. Граѓани имаше од сите генерации иако во најголем број беа средношколци.
Последен отворен ден во Собранието беше во мај 2011-та година. Паузата беше направена поради целосна реконструкција на зградата. Сега, откако завршија сите градежни работи, вработените се надеваат дека посетеноста ќе биде на ниво на првите години кога во Собранието влегувале илјадници граѓани.
Отворен ден во Собранието е пракса која се спроведува од 2005-та година. Од денеска, секој последен петок во месецот, граѓаните повторно ќе можат да влезат во Парламентот. Заинтересираните однапред ќе треба да се пријават.
Катерина Топалова
