Еден час пократко работно време за угостителски објекти во станбени згради
Намалување на работното време за еден час на угостителските објекти во станбени згради. По многубројните поплаки од граѓани, полицијата предлага да се интервенира во Законот за угостителство. За ова се дебатираше со еснафот, кој не е пресреќен со едно вакво решение...

Централната и локалната власт предложија - угостителски објект во станбена зграда само со дозвола на 51 насто од станарите, работно време до 23 часот, викендите и празниците до полноќ. На јавна расправа станарите и кафеанџиите ги судрија аргументите. Едните се жалеа на гласна музика, бучава и џагор до доцна во ноќта, другите на нетолерантните инспекции. На адреса на МВР стигнале 714 барања од граѓани, да се поведат прекршочни постапки за нарушување на јавниот ред и мир.
„Најмалку 40 пати се имам јавено во полиција за да интервенира, угостителите поаѓаат само од економскиот интерес, тие не разбираат дека сме соседи“, вели еден станар.
„Дали може да се договориме, да бидат поригорозни казните, а мерка за затоврање да нема“, рече сопственик на кафеана.
Властите убедуваа, со нови законски корекции до баланс меѓу бизнисот и граѓанските поплаки, отворено да се дискутира- да се најде компромис никој да не биде оштетен. Градот со став: Со низа проекти се поттикнуваат угостителите да ја подобрат понудата, не не може да се заобиколат проблемите, да им се одземен мирот и безбедноста на граѓаните.
„Не е целта да се направат проблеми во функционирањето на угостителските објекти, туку да се направи една здрава конкуренција меѓу нив а воедно да се почитуваат и основните права на граѓаните“, вели градоначалникот Коце Трајановски.
МВР наместо пазарниот инспекторат да врши надзор- дали се почитува работното време, меѓу предлозите за измена на законот и ревидирање на правилникот за бучава, ограничување на гласната музика во кафеаните во густо населените места.
Сузана Фиданска- Стоевска
