Со видео надзор до возачка дозвола
Со електронските тестови за полагање на возачки испит се зголемува бројот на прашањата и комбинациите, се минимизира можноста за манипулација и злоупотреба на е-системот, се скратува времето за објавување на резултатите и се засилува контролата над работата на испитните центри. Практичното полагање се одвива со видео надзор, така што шансите за злоупотреба и пропуштање на кандидатите се еднакви на нула...

Во испитниот центар „Топ Драјвер“, лиценциран испитен центар за сверо-источниот регион во Куманово повеќе од една година, со видео-следење се полага возачкиот испит. Полагањето на на теоретскиот дел е преку електронски тестови. Со тоа не само што квантитативно се зголемува бројот на прашањата и комбинациите, туку се намалува можноста еден тест да се повтори. Наместо претходните дваесет комбинации на печатените тестови, со новиот систем се добиваат над осумдесет милиони комбинации, информираат од „Топ Драјвер“.
„Електонското полагање е многу поквалитетно, нема никакви можности за манипулации. По завршувањето на тестот, самиот систем веднаш му ги дава резултатите на кандидатот“, вели Африм Емини, управител на Испитен центар „Топ Драјвер“.
Со измените и дополнувањата на Правилникот за начинот на неговото спроведување, поставени се камери во возилата со кои кандидатите го полагаат практичниот дел од испитот. Новина се и новите оценувачки листи кои ќе ги користи комисијата при полагањето на првиот и вториот практичен дел. Се воведува една оценувачка листа за сите категории.
„Сега се поставени камери во сите возила и полагањето се снима. Во случај да не се сложи комисијата или самиот кандидат со оценките му се покажува матерјалот на увид“, вели еден од инструкторите кои ги начекавме на полигонот за вежбање.
„Знам што ме чека на полагање, ги учев прашањата, ми ги објаснуваше инструкторот и стручните лица од авто школата, се надевам дека ќе положам“, вели една кандидатка која се подготвува за полагање за возачки испит.
„Тестовите ги поминав, со нула негативни поени. Потрбно е да се заложиш и да ги научуш, еве сега се подготвувам за полагање на паркирње и градско возење и мислам дека нема да има проблем“, додава друга кандидатка.
Што се оденсува до можноста за полагање на возачки испит за малолетници, од испитниот центар велат дека интерсот е интересот е многу мал, затоа што треба повеќе документи и родителите чекаат нивните деца да наполнат 18, па тогаш да полагаат.
Габриела Димковиќ
