Гошинце: Пронајдено дел од оружјето украдено при нападот на караулата

26.04.2015 14:44

Од полицијата велат дека по спроведената акција се потврдувале првичните сомненијата за групата која го извршила терористичкиот чин...

Пронајдено дел од оружјето кое било украдено при нападот на караулата во Гошинце. Утринава голема полициска акција во тој реонот. Од полицијата велат дека по спроведената акција се потврдувале првичните сомненијата за групата која го извршила терористичкиот чин.

МВР потврди дека нивните екипи се на терен и дека по добиена судска наредба вршат претреси на повеќе локации во Малино, село во близина на Гошинце. Од полицијта информираат дека акцијата се уште е во тек, а детали за неа најавија по нејзиното звршување.

Минатата недела во Гошинце беше нападната полициската караула. По истрагата што ја спровела полицијата, дошла до оперативни сознанија за местото каде што терористите го скриле оружјето кое го украле од караулата.