Oсветени конаците во „Св. Јован Бигорски“
Со голема свеченост во присуство на голем број верници беше осветен обновениот Горни Палат во манастирот „Свети Јован Бигорски“. Присуствуваа претседателот Иванов, претседателот на собранието Вељаноски, како и министерката за култура Канческа – Милевска...

Иако беа илјадници, манастирот „Свети Јован Бигорски“ ги прими сите верници што сакаа да присуствуваат на осветувањето на обновениот Горни Палат.
Овој дел од Бигорскиот манастир изгоре во пожар што се случи во септември 2009 година. До темел изгореа библиотеката, гостинската соба, кујната, двете трпезарии.
Сега, со неговата материјална обнова и осветувањето, верниците велат дека обновен е и духовниот живот што со векови опстојува во Реканскиот крај.
Со литургијата чиноначалствуваше архиепископот охриски и македонски г. г. Стефан во сослужение со неколку митрополити.
По осветувањето беше порачано дека Македонија има огромно духовно и културно наследство кое треба сите да го чуваме.
На осветувањето присуствуваа и претседтаелот Иванов со семејството, престедателот на собранието Вељаноски и министерката за култура Канческа - Милевска, кои меѓу другите добија орден Претеча.
Зоран Јованоски
