Македонија - логистички центар за побрз железнички транспорт
Се разговара со кинеските власти за изградбата на брза желеница. Коско ги презентираше своите искуства. 750 милиони евра државава вложува во рехабилитација и модернизација на коридорите 8 и 10...

Транспортната рута од далечниот исток ќе транзитира низ Македонија за стоките кои завршуваат во Грција. Се разговара со кинеските власти за изградбата на брза желеница. Коско ги презентираше своите искуства. 750 милиони евра државава вложува во рехабилитација и модернизација на коридорите 8 и 10.
Одамна ја имаме идентификувано и можноста Македонија да стане логистички центар на оваа рута по овој коридор. Целта на денешниот состанок со кинеската компанија во соработка со македонските железници и железниците во регионот е да се идентификува локација во Македонија која долгорочно би можела да претставува еден логистички центар, а понатаму тоа ќе биде основа и евентуално за формирање некаква посебна зона каде би можело да има и полесно производство, како и други услуги коишто се важни, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
Според директорот на МЖ Транспорт Никола Костов, Македонски железници првпат се промовираат како регионален лидер во железничкото поврзување, момент што треба да се искористи и Македонија да стане логистички центар имајќи ја стратешката позиција и европската позиција.
Проектите што ги имаме во соработка со Владата треба да ги искористиме пред се од аспект на железничката инфраструктура, товарните вагони, новите патнички возови, рече Костов
