80% од германските инвеститори повторно би инвестирале во Македонија

27.04.2015 13:24

Оценката за економската состојба е попозитивна во однос на претходните години...

80 проценти од германските компании повторно би донесле одлука да инвестираат во Македонија – покажува истражувањето на Македонско – германското стопанско здружение, спроведено во февруари и март меѓу неговите членки.

Оценката за економската состојба е попозитивна во однос на претходните години. 21% процент од  компаниите економската ситуација ја оцениле како добра, 41% како задоволителна, а 38% како лоша.

Сепак, 65% оценуваат дека деловните движења во нивните компании се поволни, а за годинава една третина од нив сакаат да ги зголемат инвестициите и бројот на вработени.

Од здружението велат дека во изминативе две години, четири германски компании меѓу Македонија и Србија се одлучиле да инвестираат кај нас.

Германските компании веќе вработуваат повеќе од 11 илјади луѓе. Истражувањето се прави по 10-ти пат меѓу 179 компании.