МВР: Запленет дел од украденото оружје од Гошинце

27.04.2015 14:48

Според првичните информации оружјето го сокрил 55 годишниот Осман Сулејмани за кој полицијата има индиции дека е поврзан со групата која ја нападна караулата на државната граница...

При претрес на куќа во селото Брест специјалците пронајдоа дел од украденото оружје од полициската станица во Гошинце. Запленети се две автоматски пушки, два снајпера, десет пиштоли, маскирна униформа со ознаки на УЧК и многу муниција.

Според првичните информации оружјето го сокрил 55 годишниот Осман Сулејмани за кој полицијата има индиции дека е поврзан со групата која ја нападна караулата на државната граница.

Од страна на МВР ќе биде поднесен соодветен поднесок до нафлежното јавно обвинителство, а осомничениот 55 годишен жиел од Брест, како што и претходно наведов дека се сомневавме дека е поврзан со кривичното дело, не беше пронајден, па во периодот што следува продолжува потрагата по него, но и по останатите членови од групата која ја нападна полициската станица, соопшти министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.