Пронајден дел од оружјето украдено од Гошинце

27.04.2015 16:18

Две автоматски пушки, исто толку снајпери, 10 пиштоли и муниција – полициските сприцијалци меѓу арсеналот, нашле и маскирна униформа со ознаки на УЧК која Сулејмани го поврзува со организираната група којашто го изврши терористичкиот акт на државната граница. Оружјето е предадено за вештачење...

Дел од украденото оружје од полициската станица во Гошинце е запленето од домот на 55 годишниот Осман Сулејмани од селото Брест. Две автоматски пушки, исто толку снајпери, 10 пиштоли и муниција – полициските сприцијалци меѓу арсеналот, нашле и маскирна униформа со ознаки на УЧК која Сулејмани го поврзува со организираната група којашто го изврши терористичкиот акт на државната граница. Оружјето е предадено за вештачење.

„Од страна на МВР ќе биде поднесен соодветен поднесок до нафлежното јавно обвинителство, а осомничениот 55 годишен жиел од Брест,  не беше пронајден, па во периодот што следува продолжува потрагата по него, но и по останатите членови од групата која ја нападна полициската станица“, соопшти министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

При претресот во куќата во Брњарци што ја користи осомничениот не е пронајдено оружје. Македонската и косовската полиција веќе остварија работен состанок и разменија информации со цел брзо расветлување на случајот.

Јанкулоска денеска ги демантираше написите во некои медиуми дека случајот бил фингиран со цел да се дефокусира јавноста од т.н. бомби на опозицијата.

„Обидот да се внесе раздор и немир кај граѓаните се надевам дека нема да им успее на политичарите кои креираа вакви тези или шпекулации, затоа што граѓаните се доволно мудри и знаат на што може и на што не треба да веруваат“, нагласи министерката Јанкулоска.

Мотивот за нападот на полициските службеници се уште не е познат.

 

Анита Димитријевска