Потребни се брзи зафати на свлечиштето кај Битола!
По најновото лиагање на земјиштето на едно од двете свлечишта, експертите од Градежниот факултет повторно на лице место. Најавија дека проектната документација ќе биде за брзо готова. Велат дека се потребни брзи зафати затоа што двете свлечишта се поврзани со процеп долг неколку стотини метри, состојба која секој момент може да предизвика нови лизгања на земјата и карпите...

Постојанаото лизгање на земјиштето на двете свлечишта ги врати експертите на терен. Највија дека до крајот на денот ќе биде готова проектната задача која ќе ги даде насоките како да се врати безбедноста на магистралниот пат кај битолската обикалница.
„Во неа ќе се содржат сет на мерки на на почетокот најважно е да се растеретат косините на двете свлечишта, затоа што тука тежината е најголема“, рече експертот од Градежниот факултет, проф. д-р Спасен Ѓоргевски.
По направениот увид констатацијата е дека состојбата е сериозна.
Експертите велат дека и понатаму постои опасност од активност на свлечиштата затоа што во ридот над нив има процеп долг неколку стотини метри.
Со оглед на честите и обилни одрони, веќе две недели овој дел од патот во континуитет е забранет за сообракај. Од Македонија пат велат дека интевенците се рачиси секојдневни.
„По ескалацијата на состојбите постојано сме тука. Досега имаме интервенирано над 15-тина пати и отсрането од патот над 2.000 метри кубни земја и камења“, вели раководителот на битолската подружница на Македонија пат, Веселинчо Спасевски.
Од Државниот инспекторат велат дека и понатаму сообраќајот ќе се одвива преку влезовите за Битола.
„Остануваме во постојан контакт со останатите надлежни служби и нема да има дозвола за сообраќај се додека не се спроведат препораките“, вели државниот инспектор Благоја Трајановски.
Каква ќе биде санациската динамика ќе зависи од јавното претпријатие за државни патишта. Ако се има во предвид дека се работи за фрекфентен патен правец и дека наближува летната туристичка сезона- тогаш нема простор за калкулација.
Стевче Митревски
